(Видео) ЦУК: Големо невреме во Делчево – врнежи од дожд и град, поплавени десетина објекти

Макфакс

08/06/2023

19:31

3.227

Големина на фонт

а а а

Големо невреме проследено со врнежи од дожд и град попладнево го зафати Делчево.

Според информациите од ЦУК, во невремето има поплавени објекти. Во моментот на информирањето, екипите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Делчево во секој момент очекуваат да престане дождот за да излезат на терен и да интервенираат.

„Моментално интервенираат ТППЕ Делчево со 2 ПП возила и 5 пожарникари, додека Јавно комунално претпријатие во секој момент се очекуваа да излезат на терен и да интервенираат.

Nevreme vo delcevo

Posted by Stanka Jovanovska on Thursday, 8 June 2023

До со сега во Делчево се поплавени 10 објекти, но бројот на поплавени објекти, според информациите од терен, се очекуваа да расте“ велат од ЦУК.

Некои од граѓаните споделуваат видеа од невремето.

Бул.Македонија 29 Делчево....пред неколку години...правија божемски дека од секој дожд водата ќе оди по новио канал....а каналот дека е....само процентите во некој џеб ојдеа....поздрав до мојте сограѓани Делчевци....

Posted by Meka Mehmed Mustafov on Thursday, 8 June 2023