Со време закажете си термин за пасош, оти станува густо!

Денар

08/06/2023

18:21

6.645

Големина на фонт

а а а

Колку и да негодувате и да одолговлекувате, сепак, помирете се со судбината и сфатете дека не можете да ја одбегнете задолжителната обврска да ги смените личните документи со новото уставно име на државата најдоцна до февруари идната година.

Но, и покрај тоа што до тогаш има уште цели 8 месеци, очигледно, работите не се одвиваат со најпосакуваното темпо.

Граѓани пишуваат на социјалните мрежи дека сѐ уште се чудат на одговорот што го добиле кога се јавиле во Министерството за внатрешни работи (МВР) за да закажат термин за нова лична карта поради тоа што, како што објасниле, следниот период ќе го поминат во странство, па плашејќи се дека нема да се вратат дома до февруари, сакаат уште сега да си ја исполнат обврската.


Одговорот што го добиле гласел: „Најбрзиот термин за фотографирање за нова лична карта е во јули“.

„Јас им кажувам дека ќе одам во странство и дека ќе бидам отсутен повеќе месеци поради работа, а тие ми велат да се сликам за нова лична карта во јули. А замислете, се јавувам на почеток на јуни. Цел еден месец се чека само за сликање, а да не го пресметувам и времето коешто е предвидено за изработка на личната карта. И што да правам сега јас? Да ја откажам работата во странство? Нема шанси. Што сака нека биде“, пишува извесен Ангел од Охрид.

Извори од МВР за Денар брифираат дека притисокот врз административните служби во ова Министерство е огромен, вработените не можат да кренат глава од работа, па затоа и обидот да се закаже термин трае со часови.


Нашите извори велат дека реални се очекувањата притисоците за промена на документи дополнително да растат во текот на летото кога голем дел од нашинците од дијаспората ќе се вратат во својата татковина и ќе сакаат да го искористат летниот период за да ги променат документите.

Засега никој не кажува дали е оправдан стравот кај граѓаните од повторување на сликата од минатото кога за изработка на личен документ се чекаше со месеци поради недостиг на материјал за изработка на личните карти, пасошите, возачките дозволи…



Спонзорирани линкови

Маркетинг