Размазен и пресладок: Овој мачор хедонист ги освоил симпатиите на луѓето поради својот луксузен начин на живот!

Точка

08/06/2023

18:57

4.792

Големина на фонт

а а а

Мачорот Отис од расата Мејн Кун станал вистинска интернет сензација, поради неговиот луксузен и разгален начин на живот.

Имено, неговата сопственичка споделила видео во кое ја покажала секојдневната рутина на својот миленик. Видеото досега е прегледано повеќе од 500.000 пати.



Денот на Отис започнувал со подготовка за бањање. После тоа, време било за појадок и хидратација, проследени со игра и гушкање. Отис имал омилена активност, а тоа е да „пречи“ на својата сопственичка за време на нејзиниот тренинг, бидејќи тој едноставно копнеел за внимание и не ја оставал „спокојна“ ниту кога сакала да јаде нешто. Целото нејзино внимание морало да биде насочено кон него, во текот на целиот ден. Таа го шишала и чешлала, а вишокот крзно го оставала на птиците кои си правеле гнезда од крзното на Отис. Отис своето „слободно“ време го минувал гледајќи птици или „дремејќи“.


Вечерта, овој мачор со хедонистички навики, сериозно размислувал за сите искуства и активности кои му го одбележале денот. „Прекрасен е“, „Сакам и јас еден ист ваков“, „Се гледа дека тој е вистинскиот „шеф“ овде“, биле дел од коментарите под видеото.




Спонзорирани линкови

Маркетинг