(Видео) Вака е уапсен монструмот кој избол деца во Франција: Двајца полицајци го држат, а третиот се обидува да му стави лисици

Точка

08/06/2023

13:05

3.271

Големина на фонт

а а а

Мигрантот од Сирија кој утрово со нож избол осум деца и возрасни во францускиот град Анеси, уапсен бил веднаш по нападот.

На социјалните мрежи се појавило видео од апсењето на напаѓачот. На видеото се гледаат тројца полицајци кои се обидуваат да го соборат напаѓачот, двајца одвај го држат на земја, а третиот се обидува да му стави лисици. Исто така се гледа дека игралиштето во тој момент било полно со луѓе.

Нападот се случил на игралиште покрај локалното езеро на кое во тој момент според наводите на француските медиуми се наоѓа група деца на старост од три до пет години.

Сведоците за локалните медиуми изјавиле дека мажот со турбан почнал да ги напаѓа децата.

Локалните медиуми наведуваат дека две деца и една возрасна личност се наоѓаат во критична состојба.

Се огласил и францускиот претседател Емануел Макрон.

„Напад на кукавички начин утрово во парк во Анеси. Децата и возрасните се меѓу животот и смртта. Нацијата е во шок. Нашите мисли се со нив, како и со нивните семејства и со мобилизираните спасувачки служби“, напиша Макрон на Твитер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг