Фолегандрос често е споредуван со Санторини. Ова не е ниту чудно поради тоа што тој грчки остров се наоѓа во истата островска група како и Санторини, а делат и некои заеднички одлики како што се питорескните куќички направени од бел камен.
Фолегандрос е помал и помирен од Санторини којшто го посетуваат околу два милиони луѓе секоја година. Доколку не сакате да се пробивате низ реката туристи и да се борите за слободно место на плажа, тогаш посетете го овој грчки остров којшто се простира на 32 километри квадратни во делот на Кикладите.
На Фолегандрос живеат околу 600 жители во споредба со Санторини каде има повеќе од 15.000 жители.
„Chora“ дефинитивно е едно од најфотогеничните места на островот. Преполно е со традиционални, бели куќички со сини прозорци, поплочени улички и саксии исполнети со шарени цветови.
Изградена во текот на средниот век на висока карпа од која има неверојатен поглед кон Егејското море. Особено доживување е од „Chora“ е да се набљудува заоѓањето на сонцето кое ги обојува куќите во прекрасни златни нијанси.
Не заборавајте да ги пробате и традиционалните грчки специјалитети во малите ресторани.
Доколку сте личност која сака мирен одмор и долго лежење на плажа, тогаш Фолегандрос е добар избор за вас. Островот има прекрасни и недопрени плажи каде ќе уживате во разладувањето во чистото Егејско море.
Катергос е најпопуларната плажа на островот. Станува збор за песочна плажа на југоисточниот дел од Фолегандрос која е скриена од љубопитните погледи.