Денеска ви претставуваме рецепт за совршен и брз појадок кој ќе го обожуваат сите во вашиот дом.
Потребни состојки:
-	4 јајца
-	прстофат сол
-	прстофат црн бибер
-	6 гр. прашок за печиво
-	90 гр. брашно
-	100 гр. шунка
-	60 гр. рендан кашкавал
-	100 гр. фета
-	малку магдонос
-	1 црвена пиперка
-	масло за јадење
Начин на подготовка:
Во подлабок сад изматете ги јајцата и додадете прстофат сол, црн бибер, прашок за печиво и брашно, па добро промешајте.
Во садот потоа додајте ја исечканата шунка, кашкавалот и фета сирењето. Исечкајте ја и пиперката и магдоносот и додајте ги во смесата, па измешајте за да се соединат состојките.
Подмачкајте една тава за печење со масло, а потоа со помош на лажица ставајте од смесата. Пржете од двете страни додека не добијат златножолта боја.
                                




