Дортмунд го потврди трансферот на Белингем, Реал ќе плати од 103 до 134 милиони евра

Макфакс

07/06/2023

17:57

1.492

Големина на фонт

а а а

Борусија Дортмунд ја потврдија продажбата на Џуд Белингем на Реал Мадрид, објавувајќи ја сумата која „кралевите“ ќе ја платат за 19-годишниот Англичанец.

Мадрид ќе плати 103 милиони евра, но и дополнителни бонуси во височина од 30 отсто од договорот. Ова значи дека цената на трансферот може да порасне до 134 милиони евра, иако условите не се објавени. Ако се следат последните трендови, тогаш тие пари ќе зависат од потенцијални победи во Лигата на шампионите или во трката за „Златната топка“.

Реал се надеваат дека во Белингем ќе најдат долгорочен наследник на Лука Модриќ, бидејќи има само 19 години и би можел да остане деценија на „Бернабеу“ и повторно да биде продаден за висока сума. Белингем ќе потпише шестгодишен договор со Реал Мадрид, кои се надеваат дека ќе ги поминат медицинските тестови и ќе го презентираат до крајот на неделата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг