Македонската естрада вибрира на нова „ФрЕкФеНцИјА“ - Сара Мејс со нов, свеж вајб, песна и видео запис

Точка

07/06/2023

13:29

3.559

Големина на фонт

а а а

Што не можат зборовите, можат погледот и допирот, а што не можат ни тие, може музиката. Во ерата во која живееме, каде секој наш чекор е дигитален и очекуван, не би постоела убавината и мистеријата на секојдневието, доколку не би постоела уметноста и музиката.

 Жедни да се приближиме кон живи, длабоки, ултра-забавни емоции, - и со желба на праг на исполнување, Сара Мејс на јавноста ѝ подари освежувачко транспортирање на една поинаква „ФрЕкФеНцИјА“.

Енергијата, којашто се испреплетува низ стиховите е забавна „мелодична четка“, а вајбот во оваа нова песна и видео запис, е инспирација од колоритните 90ти. Сѐ се движи во ритам на искршен бит, со позитивни вибрации и во фанки расположение. Новата песна на Сара Мејс веќе ја сетира и обојува новата дефиниција за колективниот вајб на забавата и на претстојниот летен период, каде љубовта е дел од секоја насмевка, танц, прегратка.


Музиката и текстот се на Сара Мејс, аранжманот и продукцијата се на Иван Петровски. Видео записот е креативно режисерско дело на Кристијан Шемко, во тим со Томислав Живковиќ, кој стои зад уникатниот сплет на ефекти и колор-корекција. Уникатната кореографија, која совршено е синхронизирана со текстот и мелодијата е осмислена од страна на тимот на Студио Брејк а Лег.

Видео записот, снимен во модерен објект на Компанија Велкоски, е замислен да биде визуелна манифестација на новата песна на Сара, како урбан простор со колоритно фокусирани делови и футуристички предмети на KARE. Истите сами по себе го надополнуваат расположението и „вибрацијата“ во која Сара Мејс го изведува овој нов сингл, во свој препознатлив, а сепак поразличен стил.


Главните креативни умови, за доловување на Сара, како „трансформатор“ на вибрирачки емоции во видео записот, како и на танчерите Андреј Димовски, Елена Цветановска и Ивана Стојановска, - се многубројни. Фросина Ангеловска стои зад изведбата на шминката, а воедно е и во улога на стилист, задолжена за комбинирање на фанки модерни модни парчиња од Magnetik, најмногу од Yamamay, Oltre & Motivi и Студио FRAN за сите комплетни стајлинзи. А секако за дополнување на визуелната магија, „главни виновници“ се и Дарко Петковски од HairHouse за сите фризури, како и Skinfinity за негуваниот изглед и боди шејпинг на Сара.

Македонската естрада дефинитивно вибрира на нова „ФрЕкФеНцИјА“.

Видео записот е достапен на YouTube платформата на официјалниот канал на Сара Мејс: 



Спонзорирани линкови

Маркетинг