Најдобрите градови за да уживате во пензионерските денови: Два града од регионост се наоѓаат на листата!

Точка

07/06/2023

12:43

16.431

Големина на фонт

а а а

„U.S. News & World Report“ составиле листа од 10 градови во Европа каде пензионирањето може да биде со пристапни цени, а сепак возбудливо.

Како 10 најдобри градови ги навеле градовите:

Тавира и Каскаис во Португалија




Париз и Анеси во Франција



Пафос на Кипар


округот Клер во Ирска


Пополи во Италија


Валета во Малта


Љубљана во Словенија


 Котор во Црна Гора



Кога станува збор за Љубљана, тие навеле дека главниот град и срцето на Словенија, блиску до брегот на Средоземното Море и бројните ски центри. Истакнале дека тоа е модерен град со сите погодности на 21 век, но сепак го нема загубено шармот на едно мало гратче. Исто така навеле дека локалните земјоделци секојдневно носеле свежи производи на пазарот. Сметаат дека овде би можеле да живеат луѓе кои планираат наскоро да се пензионираат со буџет од 1400 евра месечно.


Котор, градот кој се наоѓа во Црна Гора, го опишуваат како место опкружено со високи планини и Јадранското Море. Покрај овие природни убавини, тие истакнале дека овој град е под заштита на „УНЕСКО“, а и дека е еден од најдобро зачуваните градови на Медитеранот. Посебно истакнале дека овој град изобилува со младешка енергија, иако не бил толку познат. Меѓутоа, тие го сметаат за безбедно и гостопримливо место во Европа, кое можело да се спореди со помалите градови во Италија, само со попристапни цени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг