Тие живеат со нас неколку илјади години: Како детските глисти влијаат на човековото тело?

Точка

06/06/2023

14:07

9.404

Големина на фонт

а а а

Детските глисти се вид на паразит кој бил откриен и во фосилизираните остатоци од протоцицачите, а интересен е податокот што нивните најблиски „роднини“ можат да се најдат во нашите најблиски „роднини“, мајмуните.

Ако земеме предвид дека јајцата „Enterobius vermicularis“ биле откриени во човечки копролити стари 10.000 години во Колорадо, тогаш е јасно дека тие многу добро ни се приспособиле уште од дамнешно време.


Научниците веруваат дека 5 до 50% од децата на возраст под 11 години се заразени со детски глисти, но со нив може да за заразат и возрасните – кај кои обично се јавуваат поблаги симптоми, и тоа така што јајцата на паразитот се проголтуваат и внесуваат во организмот. Овие црви се бели и налик на конци, а женките можат да бидат долги и до 13 милиметри, т.е. двојно поголеми од мажјаците.


Во случај на инфекција, проблемот обично не се возрасните црви кои живеат во „торбичката“ каде што се спојуваат тенкото и дебелото црево, туку женките кои излегуваат од цревата и положуваат јајца околу анусот. Не толку познат факт е дека иритацијата е предизвикана од лепилото кое ги држи јајцата цврсто прицврстени за перианаланта регија. Исто така, важно е да се знае дека животниот циклус на црвите всушност зависи од тоа дали децата или, пак, возрасните ќе се чешаат – бидејќи откако јајцата ќе се најдат под ноктите и на прстите, тие се пренесуваат понатаму.


Колку болка може да предизвика лепилото со кое се залепени овие ситни јајца, најдобро ни кажува податокот дека кај децата често се јавуваат воспалителни состојби на кожата, наречени пуритис. По некое време тоа доведува до губење на сонот, замор и нервоза – што заедно со чешањето е иднидкација дека детето најверојатно е заразено со црви. Најсигурен начин за поставување на дијагнозата е перианалниот брис, кој се прави со помош на селотејп лента – така што се лепи на пределот околу анусот и потоа се анализира под микроскоп. Третманот е едноставен, но треба да го спроведат сите членови од семејството, за инфекцијата да не би се „вртела во круг“ – а дозата треба да се повтори после две недели.


Се препорачува контаминираната облека и постелнината да се перат во топла вода, додека другите методи за превенција од инфекцијата вклучуваат редовно миење на рацете и чистење на ноктите. Доколку децата се мали, треба да се спречи да ги ставаат рацете во уста, или пак некои други предмети на кои може да се најдат јајца од паразити.




Спонзорирани линкови

Маркетинг