(Мапа) „Бегајте, спасете се“: Украина се соочува со невидена апокалипса, населбите исчезнуваат под водата, а време сè помалку!

Точка

06/06/2023

13:36

8.932

Големина на фонт

а а а

Украинската јавна телевизија „Суспилне“ го објавила најновиот извештај за последиците од уништувањето на браната Каховка.

Тие споделиле и мапа на која се гледало каде точно се наоѓала браната, како и кои градови и населби сега се загрозени од напливот на вода. „Поради експлозијата во хидроелектраната, до 80 населени места се во опасност од поплави“, изјавил премиерот Денис Шмигал.

„Досега повеќе од 10 населени места се целосно или делумно поплавени“, соопштиле од регионалната управа на Херсон. Околу 24.000 луѓе биле во критична состојба на десниот брег од областа Херсон. Локалните власти ги евакуирале жителите од потенцијалните зони на поплави. Во 12 часот, возот за евакуација тргнал од Херсон за Микоалев. Украинските власти ги повикале жителите кои живееле низводно да ја напуштат областа.

Регионалниот шеф на Херсон, Олександар Прокудин, предупредил дека нивото на водата во реката Днепар ќе биде „критично“ за неколку часа. „Евакуацијата во опасната зона започна. Ве молиме направете сè што можете за да го спасите вашиот живот. Веднаш напуштете ги критичните подрачја“, изјавил тој и ги повикал од граѓаните да земат документи и неопходните работи и да ги чекаат автобусите. „Во населбата Нова Каховка е прогласена вонредна состојба поради нападот на браната, која продолжува да се урива и неконтролирано испушта вода низводно“, изјавил градоначалникот на Нова Каховка, Владимир Леонтиев на ТВ „Канал 1“. Леонтиев им соопштил на новинарите дека украинските сили продолжуваат да ја гранатираат областа и дека значителен број проектили ги погодиле бреговите на Днепар.

„Сега ги преместуваме жителите кои се директно на брегот. Градот сè уште е под гранатирање. Мислам дека жителите на околу 300 куќи ќе бидат евакуирани и веќе се евакуираат сега, со цел да се избегнат жртви“, изјавил за ТВ „Русија-24“ Владимир Леонтиев, градоначалникот на проруската општинска управа.

Да потсетиме, рано утринава била уништена браната Каховка, а Русија и Украина меѓусебно се обвиниле за минирање на клучната брана.




Спонзорирани линкови

Маркетинг