(Видео) Херсон е веќе под вода! Критичната ситуација допрва следи, експлозијата на браната го загрозува југот на Украина...

Точка

06/06/2023

10:53

7.268

Големина на фонт

а а а

Нивото на вода кај Нова Каховка веќе се зголемило за околу десет метри по експлозијата на браната на хидроелектраната кај Каховка.

На социјалните мрежи кружат видеа од потопените населби.

По експлозијата на браната на хидроелектраната Каховка во Украина, нивото на водата за краток временски период започнал драматично да расте. Водата веќе стигнала до некои од населбите, пишува украинскиот портал „Обозревател“.

Нивото на водата веќе се зголемило за околу десет метри, пренесува „РИА Новости“.

Загрозени се и двете крајбрежја на Херсонската област. На десното крајбрежје најавена е евакуација на населбите Николаивка, Олхивка, Лавов, Тјагинка, Понјативка, Иванивка, Токаривка, Приднипровска и Херсон. Околу 16.000 луѓе се загрозени, а „пикот“ на поплоавата се очекува околу 11 часот.

Шефот на украинската регионална воена администрација во Херсон им кажал на жителите кои живеат во близина на браната Нова Каховка да „направат сè што можат за да го спасат својот живот“.

Градоначалникот но Нова Каховка, Владимир Леонтјев потврдил дека нападите на хидроелектраната довеле до уништување на вентилот и дека водата неконтролирано почнала да тече.



Спонзорирани линкови

Маркетинг