Реал Мадрид го избра Хари Кејн за наследник на Карим Бензема, но преговорите за негово доаѓање на „Бернабеу“ нема да бидат лесни. Според последните информации, личните услови на Кејн нема да бидеатпроблем и со задоволство ќе ја прифати понудата што ја има на маса, а тоа е договор на три години и 11 милиони евра по сезона.
Кејн е на прагот да наполни 30 години, а во моментов Реал Мадрид му нуди договор на три сезони, со опција за продолжување.
Евидентно е дека многу поголем проблем ќе биде понудата што Реал ја подготвува за Тотенхем, а првичната е – 80 милиони евра.
Очигледно е дека Флорентино Перез сака да го почувствува пулсот на лондонскиот клуб, бидејќи Кејн влегува во последната година од договорот и е свесен дека Даниел Леви не може да ги држи сите конци. Покрај тоа, напаѓачот исто така сака да си замине, што ќе му ги олесни преговорите на Реал Мадрид.
Кејн веќе ја прифати понудата и условите на Реал, но преговорите со Тотенхем се очекува да бидат тензични и тешко дека премиерлигашот ќе дозволи трансфер без „кралевите“ да платат сума од околу 100 милиони евра.