(Видео) Преку измама освоил милион во популарниот квиз, но по 5 минути неговата сопруга на бизарен начин уништила сè: „Отидов кај нив со шише шампањ, но...“

Точка

05/06/2023

11:28

10.199

Големина на фонт

а а а

Пред повеќе од децении, уште во 2001 година, се одиграла една од најголемите измами во историјата на телевизијата – Британецот Чарлс Инграм, инаку некогашен војник, освоил милион фунти во култниот квиз „Кој сака да биде милионер“.

Но, парите никогаш не му биле исплатени и тоа целосно заслужено. Имено, до последното прашање и точниот одговор Инграм дошол со измама.

Тоа што е прилично апсурдно е начинот на којшто неговата измама била откриена. Можеби дома навистина би дошол како милионер доколку по завршувањето на емисијата не влегол во кавга со неговата сопруга Дајана.

Тој момент го опишал и Крис Тарант, тогашниот водител на квизот во својата книга „It’s Not A Proper Job“.

Имено, радоста на Чарлс поради премијата била кратка, а сомнежот дека нешто не е во ред предизвикал кавга меѓу мајорот Инграм и неговата сопруга.

„Се вратив кон соблекувалната на Инграм да им честитам и него и на неговата жена. Но, ме запре Ив, девојката од нашиот истражувачки тим која лелекаше. Што не е во ред Ив? Беше тоа неверојатна ноќ“, изјавил тој.

„Не, мајорот штотуку насила ми рече да излезам од неговата соблекувална и да си одам. Отидов кај нив со шише шампањ, но тие беа среде кавга. Сега, не е ниту важно каков сте или колку несреќен пар доколку освоивте милион фунти, сигурно би биле весели и расположени, нели?“, пишува водителот во книгата.

По кавгата, продукцискиот тим емисијата почнал да ја анализира и на крај открил образец од кашлање во публиката. Шефовите на телевизијата тогаш потврдиле дека Дајана, сопругата на Чарлс и Теквен Виток, нивниот пријател, кашлале кога Инграм ќе го прочитал точниот одговор.

Необичното однесување на мајорот на екранот предизвикало немир меѓу екипата и продукциската куќа, па одлучиле да не ја емитуваат емисијата и да ја суспендира исплатата.


Парот на крај бил прогласен за виновен за завера со цел измама во квиз и изречени им биле условни затворски казни во 2003 година, а исто така изречена им била и парична казна во износ од 115 илјади фунти.

Виток, инаку професор на колеџ во Кардиф осуден бил за помагање на Инграм и осуден на 12 месеци условна затворска казна, па му било наложено да ги плати и судските трошоци.

Интернет корисниците тврдат дека било јасно дека врши измама во последното прашање.

Инаку, видеото од настапот на Чарлс во квизот може да го погледнете на Јутјуб, а интернет корисниците тврдат дека лесно е да се забележи моментот во кој тој лаже.


Водителот Крист Тарант му го поставил прашањето за милион фунти кое гласело:

„Под кое име е познат бројот еден зад кој следи нула?“, понудени му биле одговорите: гугол, мегатрон, гигабит, наномол.

Натпреварот прво кажува дека верува дека наномол е точниот одговор, но дека тоа би можел да биде и гигабит.

„Не сум сигурен, мислам дека не е мегатрон. Морам да признаам дека никогаш не сум слушнал ни за гугол“, но на крај со помош на интервенција успеал да го даде точниот одговор. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг