Светлана долго време била светска рекордерка: Влегла во Гинисовата книга на рекорди поради долгите нозе, а една фотографија е историска

Точка

04/06/2023

15:29

8.694

Големина на фонт

а а а

Светлана Панкратова од Русија денес има 52 години, а на почетокот на милениумот според Гинисовата книга на рекорди е прогласена за жена со најдолги нозе на светот, поточно неверојатни 132 центиметри.

Светлана како тинејџерка сфатила дека има долги нозе бидејќи тешко можела да најде панталони кои и се точни.

Нејзиниот рекорд го соборила нејзината сонародничка Екатарина во 2008-ма година, со должина на нозете од 134 центиметри, но тука дошло до пресврт. Таа до 2020-та година била сопственичка на најдолгите нозе, но од тронот ја симнала млада Американка.


18-годишната Мејси Карин е тинејџерка од Сидар Парк во тексас, која во 2020-та година официјално станала жена со најдолги нозе на светот – едната нога и е долга 134,3 центиметри, а другата 135,2 центиметри.

Меѓутоа, должината со која Русинката стекнала светска слава е неверојатни 132 центиметри. Секако, ако нозете и се толку долги, веројатно и стапалото е долго, а Светлана носела број на чевли 46.


„Никогаш не сум обрнувала внимание на своите нозе“, признава Светлана, но се сè променило по мерењето од Гинис.

Светлана е помошник тренер во едно американско средно училиште, а пред тоа играла кошарка во Португалија, Израел и Шпанија. Со професионална кошарка престанала да се занимава, а во спортска пензија заминала во 2000-та година.


Долгоногата Русинка е родена во 1971-ва година во Волгоград и веќе како девојче била највисока меѓу своите врсници. Децата тогаш ја задевале поради долгите нозе, но денес таа е горда на своето тело.

Уште како тинејџерка сфатила дека има многу долги бидејќи тешко можела да најде панталони кои и се точни.


Таа во 2008-ма година се појавила во Лондон на Трафалгар сквер со најнискиот човек на светот, Кинезот Хе Пингпонг за да го промовираат новото издание на Гинисовата книга на рекорди. Хе за жал починал во 2010-та година, а бил висок само 74 центиметри.

Фотографиите направени со Светлана, која е висока 195 центиметри, тогаш биле вистинска атракција.




Спонзорирани линкови

Маркетинг