Има 75 години, а изгледа неверојатно: Мајката на Илон Маск во светкав фустан кој ја следи линијата на телото

Точка

03/06/2023

20:17

9.312

Големина на фонт

а а а

Мајката на Илон Маск не пропушта разни настани, па така прошета и на црвениот тепих на 76-то издание на филмскиот фестивал во Кан.

Познатиот модел и нутриционистка присуствувала на премиерата на филмот „Asteroid City“, а она што многумина ги изненадило е фактот дека таа има 75 години.


Како и многупати досега, Меј Маск била вистински пример дека старосните ограничувања во модата се празни приказни кои ги слушаат оние кои не се храбри да го облечат она што го сакаат.

Меј по повод премиерата на „Asteroid City“ прошетала на црвениот тепих во исклучително гламурозно издание – долг, бакарен светкав фустан кој ја следи линијата на телото, со панделка на левото рамо и беж чевли со ремчиња.


Целиот изглед го заокружила со едноставна шминка и впечатливи обетки кои биле во иста нијанса како и фустанот.

Нејзината кратка седа коса, како и секогаш била шик, а Меј блескала и вистински се забавувала, позирајќи пред фотографите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг