(Фото/Видео) Северина ja вжешти атмосферата во Скопје во мини-фустан, за шминката беше задолжен Дадар: „За најпрекрасната Севе...“

Точка

03/06/2023

13:36

11.345

Големина на фонт

а а а

Северина ужива во експериментирањето со различни модни стилови и модни комбинации. Своите „модни игри“ таа често ги споделува со обожавателите на социјалните мрежи.

Овојпат на својот Инстаграм профил, Северина објавила фотографии од неодамнешниот настап во Скопје, на кој заблескала во интересно „street style“ издание.

Иако избрала да носи едноставна модна комбинација составена од мини-здолниште, чизми и сако, парчиња кои поголем дел од дамите ги имаат во своите гардеробери, пејачката се одлучила за впечатливи бои и модни парчиња кои на комбинацијата ѝ додале доза ексцентричност.

Во прв план бил малиот, црвен фустан со кратки ракави направен од растеглив, памучен материјал којшто на суптилен начин ги истакнал нејзините женствени адути.

Станува збор за урбан и многу „лесен“ модел за носење од брендот „Diesel“ којшто се протегал до половина од колковите.

Над црвениот фустан Северина носела хит модно парче кое повторно се враќа во мода, односно сино сако.

Целото издание сепак пејачката го заокружила со високи чизми кои се протегале до над колената со маскирен дезен и вртоглаво висока потпетица, а брендот којшто стои зад чизмите исто така е „Diesel“.

Што се однесува до шминката на пејачката, за неа задолжен е Александар Дадар.


По настапот на Северина, Дадар напишал:

„Шминка за најпрекрасната Севе“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг