Видеото кого никого не оставило рамнодушен: Начинот на кој ова слепо и глуво куче бара помош од неговиот сопственик ги разнежнило сите!

Точка

03/06/2023

16:24

6.387

Големина на фонт

а а а

Прекрасниот начин на кој слепото и глуво куче Плум барало помош од својот сопственик ги воодушевило луѓето на интернет.

Оваа мала австралиска овчарка е родена без вид и слух. Ја посвоил Ејден Мајкл Ман од Џексонвил, Флорида и ѝ подарил љубов и дом.

Во виралното видео кое собрало повеќе од 300.000 прегледи на социјалната мрежа „ТикТок“, Ман покажал што правела Плум кога ѝ била потребна помош за да стане од кревет, бидејќи не можела да скока.


Кучето го тапкала по стомакот нејзиниот 29-годишен сопственик, сè дур тој не ја подигне и однесе.


„Бесценето. Само ми се чини дека другото куче е малку љубоморно“. „Секогаш велам дека ние луѓето не заслужуваме кучиња“, „Ти си еден премногу добар човек. Љубов до тебе и твоите кучиња“, „Преслатко“, „Ме расплака“, се само еден дел од коментарите на луѓето под видеото.




Спонзорирани линкови

Маркетинг