Прекрасниот начин на кој слепото и глуво куче Плум барало помош од својот сопственик ги воодушевило луѓето на интернет.
Оваа мала австралиска овчарка е родена без вид и слух. Ја посвоил Ејден Мајкл Ман од Џексонвил, Флорида и ѝ подарил љубов и дом.
Во виралното видео кое собрало повеќе од 300.000 прегледи на социјалната мрежа „ТикТок“, Ман покажал што правела Плум кога ѝ била потребна помош за да стане од кревет, бидејќи не можела да скока.
Кучето го тапкала по стомакот нејзиниот 29-годишен сопственик, сè дур тој не ја подигне и однесе.
„Бесценето. Само ми се чини дека другото куче е малку љубоморно“. „Секогаш велам дека ние луѓето не заслужуваме кучиња“, „Ти си еден премногу добар човек. Љубов до тебе и твоите кучиња“, „Преслатко“, „Ме расплака“, се само еден дел од коментарите на луѓето под видеото.