Ситуација од 1993 година во Кан уште еднаш докажала дека тој е надобриот човек во Холивуд: Не е воопшто чудо што луѓето го обожаваат!

Точка

03/06/2023

13:15

6.706

Големина на фонт

а а а

Ова е една приказна од црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал која ги воодушевила фановите ширум светот.

Кејт Бекинсејл се присетила на настан од 1993 година кога за првпат се појавила на Канскиот филмски фестивал.


Заедно со Киану Ривс и остатокот од екипата од снимањето на филмот a „Much ado About Nothing“. Токму кога дошол редот да прошетаат по црвениот тепих, комбинезонот на Кејт се скинал на прилично незгодно место. Можеме само да замислиме како се чувствувала младата актерка во толку важен момент.


Таа открила дека носела комбинезон кој го купила во бутик на аеродромот (веројатно Кан тогаш бил многу полежерен настан), но шевот на меѓуножјето почнал да се распаѓа додека таа се возела кон настанот. „Материјалот на меѓуножјето пукна и откри сè. Не ми изгледаше соодветно да го поправам во задниот дел на автомобилот пред сите, па тивко паничев во себеси“, објаснила Кејт на „Инстаграм“.



Кога стигнале на настанот, им кажала на Киану и Роберт што се случило и тие притрчале на помош. Додека се фотографирала, Кејт го држела предниот дел од комбинезонот на свое место, додека тие двајца го држеле задниот за целосно да не се распадне. „Ти го чувале грбот!“, воодушевени биле во коментари фановите после оваа нејзина приказна споделена со нив.


„Апсолутни легенди кои можеби дури и не разбраа целосно што се случува или што значи шевот, но и двајцата „скокнаа“ да ми помогнат без прашање“, заклучила Кејт.

„Насмеаните изрази на лицата како ништо да не се случува се тотален хит“. „Многу добра приказна и фотографија со вистински легенди. Канскиот филмски фестивал толку многу се промени со текот на годините …“ „Ова е мојата омилена приказна од познати актери“, се само дел од коментарите под објавата.


Инаку, Ривс важи за омилен холивудски актер, кој често се дружи со бездомници, голем дел од заработката ја давал во хуманитарни цели и пред сè е исклучително љубезен и пријатен човек.




Спонзорирани линкови

Маркетинг