Познатата пејачка објави фотографија на која позира „како од мајка родена“

Точка

02/06/2023

16:00

5.804

Големина на фонт

а а а

„Ако никогаш не сте се туширале надвор додека сопругот се обидува да ве исплаши на секои 5 минути, не сте живееле“, порачала пејачката Пинк во описот на своите фотографии на Инстаграм.

Американската пејачка Пинк ги изненади своите следбеници со фотографии кои настанале на едно семејно патување, а на кои таа ги прекрила само интимните делови од телото.

Имено, на една фотографија пејачката се сонча во проѕирен костим за капење со детали од банани, додека на другата се тушира гола, а интимните делови ѝ се прикриени со нацртани детали.

„Викенди покрај езеро и нов смешен костим за капење. Ако не сте се туширале надвор додека вашиот сопруг се обидува да ве исплаши на секои 5 минути, не сте живееле!“, порачала Пинк во описот на објавата.

Под фотографиите кои познатата пејачка ги објавила можат да се прочитаат позитивни коментари на сметка на нејзината витка линија која ја одржува со напорни тренинзи.

Инаку, Пинк од 2006 година е во брак со поранешниот мотоциклист Кери Харт, со кој ги има ќерката Вилоу Сејџ (11) и синот Џејмисон Мун (6).



Спонзорирани линкови

Маркетинг