Страотен случај во Гостивар: Го уценувале за пари дека ќе објават видео разговори и пораки со неговата љубовница, им платил 10.000 евра

Макфакс

01/06/2023

17:41

2.294

Големина на фонт

а а а

Го уценувале за пари дека ќе објават видео разговори и пораки со неговата љубовница. Во неколку наврати му зеле вкупно 10.000 евра.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.И.(33) и М.И.(31), двајцата од село Орашје, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Во периодот од април 2022 година до април 2023 година, пријавените повеќе пати уценувале 50-годишен жител на Гостивар дека видео разговорите и разменетите пораки со второпријавената, со која бил во љубовна врска, ќе ги пратат на неговото семејство. Со ваквите дејствија тие го принудиле во неколку наврати да им исплати вкупно 10.000 евра преку брз трансфер на пари“ соопшти МВР.