(Фото) Според експертите ова се идеалните женски пропорции, а оваа убавица го има најсовршеното тело во светот

Точка

01/06/2023

09:25

14.613

Големина на фонт

а а а

Идеалите на убавината постојано се менуваат низ годините. Од безвременската привлечност на Мерилин Монро до слаби силуети кои ги популаризираа манекенките како Кејт Мос...

Меѓутоа, во 2016 година експертите од Универзитетот во Тексас објавиле дека британската манекенка и актерка Кели Брук е сопственичка на совршено тело, а магазинот „FHM“ ја прогласи за најсексапилната жена на светот.

Студијата вклучила висина, тежина, должина на косата и облик на лицето.


„Оваа жена е целосно природна и совршена“, порачале тогаш авторите на студијата.

Студијата тогаш открила дека BMI од 18.85 со мери 93-61-87 сантиметри се смета за идеална.

Според достапните податоци, Кели тогаш била висока 168 сантиметри, а нејзините мери биле 99-63-91, со што биле најблиски до идеалните. Дополнителен плус, според авторите на студијата било тоа што таа не правела естетски операции.


Оваа титула дополнително ја прославила Кели, но таа денес изгледа значително поразлично, тврди дека никогаш не се чувствувала подобро.

„Мене ме фотографираа речиси секој ден од животот и навистина можам да видам докази од тие несреќни времиња. Кога ќе ги погледнам своите стари фотографии велам: Ох, тогаш бев навистина слаба, а потоа се сеќавам дека бев слаба затоа што тогаш нешто ми се случи“, изјавила таа во едно интервју.


Денес Кели е во брак со Џереми Парси за којшто тврди дека ѝ помогнал да го зголеми нивото на самодоверба.

„Не е случајно што сум најсреќна во своето тело откако се венчав, кога го правам тоа што сакам со луѓето кои ги сакам, кога сум постара и позрела и кога моето семејство е добро и сите се здрави“, смета убавата манекенка.





Спонзорирани линкови

Маркетинг