Овие симптоми на рак на панкреас можат да се појават неколку месеци пред дијагнозата, укажуваат лекарите

Точка

31/05/2023

18:33

12.877

Големина на фонт

а а а

Ракот на панкреас во повеќето случаи не е воопшто лесен да се препознае навреме бидејќи симптомите често можат да останат незабележани.

Она што е особено загрижувачко е што овој вид рак најчесто не ги покажува првите симптоми во раните фази, поради што и самата дијагноза е многу покомплицирана, пренесува „Express“.

Како што објаснуваат лекарите, кај 80 до 90 отсто од пациентите, ракот на панкреасот се дијагностицира дури во доцна фаза кога состојбата е веќе прилично напредната.


Но, и покрај овие екстремно мрачни статистики, постојат некои симптоми кои се јавуваат неколку месеци пред конечната дијагноза.

Еден од најчестите први симптоми на рак на панкреасот се болките во стомакот. Имено, бројни студии покажуваат дека 25 отсто од пациентите имаат симптоми како болка во горниот дел на стомакот и до 6 месеци пред дијагнозата на рак на панкреас. Освен болки во стомакот, симптомите кои се појавуваат неколку месеци пред дијагнозата вклучуваат дијареја, констипација, надуеност и мачнини.