Иранската манекенка носела фустан со јамка околу вратот во Кан: „За мојот народ“

Точка

30/05/2023

17:42

9.068

Големина на фонт

а а а

Иранската манекенка Малага Џабери испратила силна порака со својот фустан на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал.

33-годишната манекенка се појавила во фустан чиј околувратник наликувал на јамка, а на долниот дел од фустанот била испишана пораката „Запрете го погубувањето“.

Нејзиниот потег многумина го пофалија, а фотографиите од фустанот ги преплавија социјалните мрежи.

„Посветено на народот на Иран“, напишала манекенката на Инстаграм.

„За жал, политичките изјави не се дозволени на филмскиот фестивал и обезбедувањето ме спречи да го покажам задниот дел од фустанот, но значењето на ‘јамката’ беше добро разбрано“, додала таа.

Сепак, имало и такви на кои не им се допаднал нејзиниот „тивок протест“.

„Бизарно е да се види сексуализирање на јамката. Како тоа да е некаква ‘протестна уметност’. Мислам дека многу малку се размислувало за ова, се размислувало само за креирање секси фустан. Тоа не решава ништо“, критикувале некои.

Иран има егзекутирано повеќе осуденици од која било земја со исклучок на Кина, објави неодамна „Amnesty International“. Откако иранската Курдка Махса Амини почина 3 дена откако била уапсена од страна на полицијата за морал која ја обвинила дека ги прекршила строгите правила на облекување, во Иран настана протестно движење кое доведе до најголемите политички немири во последните неколку години во таа земја.




Спонзорирани линкови

Маркетинг