(Видео) Натпреварувач без една нога извел перформанс на штаки, па го расплакал жирито на „Britain’s Got Talent“

Точка

30/05/2023

15:22

4.545

Големина на фонт

а а а

На една од последните аудиции на шоуто „Britain’s Got Talent“, својата среќа ја испробало и едно младо момче од Јужноафриканската Република.

Муса Мота е 27-годишник, кој во тинејџерските години боледувал од рак, поради кој морале да му ја ампутираат едната нога. Бидејќи повеќе не можел да игра фудбал, одлучил да се занимава со нешто друго.

„По ампутацијата се вљубив во музиката. Моите пријатели во тоа време танцуваа и ги замолив да ме научат да танцувам. Ова е совршено време да допрам до многу луѓе и да инспирирам повеќе луѓе. Се замислував себеси на сцената и тоа сега се случува“, му објаснил Муса на жирито.

Тој извел танц на песната „Runnin’“ од Бијонсе, користејќи се со штаки. Членовите на жирито Аманда Холден и Бруно Тониоли заплакале во текот на неговата изведба, а Алеша Диксон рекла дека ова е една од најдобрите аудиции кои ги видела на ова натпреварување.

Муса ја импресионирал и публиката која и покрај правилата барала членовите на жирито да го притиснат т.н. златно копче и да го испратат момчето директно во наредниот круг. Жирито објаснило дека веќе ја искористиле таа можност, но на крајот сите заедно го притиснале копчето, што ги воодушевило сите присутни во салата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг