Кинески научник смета дека оваа теорија за коронавирусот не смее да се отфрли

Точка

30/05/2023

21:43

3.182

Големина на фонт

а а а

Можноста дека пандемијата на Ковид-19 започнала со излегувањето на вирусот од лабораторија не смее да се отфрли, рекол водечкиот научник од кинеската влада.

Ставот на вирологот и имунолог Џорџ Гао е спротивен на тврдењата на кинеската влада која отфрла каква било можност дека вирусот побегнал од Вуханската лабораторија која ги проучувала коронавирусите.

Гао, поранешен лидер на кинескиот Центар за контрола на зарази (CDC), за радио „BBC“ изјавил: „Морате секогаш да прашувате од почеток. Тоа е наука. Не отфрлајте ништо“.


Тој денеска е претседател на кинеското Национално здружение за природни науки, откако минатата година заминал од „CDC“ каде играл важна во одговорот на пандемијата и истрагата за потеклото на вирусот.

Кинеската амбасада во Велика Британија за „BBC“ изјавила дека теоријата за бегство на вирусот од лабораторија ја шират антикинески сили, дека таа е политички мотивирана и научно неоснована, пишува „dpa“.


Таа теорија ја заговарал и директорот на ФБИ Кристофер Врај кој изјавил дека вирусот многу веројатно така се проширил, иако меѓу американските разузнавачи и натаму постои консензус по тоа прашање.

„New York Times“ пишуваше дека американското министерство за енергетика исто така заклучило дека „бегањето“ од лабораторија е најверојатна причина за пандемијата, но дека нема цврсти докази за тоа тврдење.



Спонзорирани линкови

Маркетинг