За Кевин Дурент сезоната е одамна завршена. Предводен од Никола Јокиќ, Денвер успеа да го елиминира Феникс во полуфиналето на Западната конференција, па поранешниот кошаркар на Оклахома, Голден Стејт и Бруклин реши да патува во Европа.
Повторно е виден во друштво на неговиот добар пријател Мајк Џејмс, чии натпревари во Монако редовно ги посетува, а сега е фотографиран во Кнежевството со уште една спортска ѕвезда.
На концертот на раперот Тревис Скот, тој се сретна со Килијан Мбапе, кој ја прослави титулата со Пари Сен Жермен и неговата четврта последователна награда за играч на годината во Лига 1.
Тие срдечно се поздравија, а камерите тоа не го пропуштија.
За разлика од Дурант, на Мбапе му останува уште еден меч со клубот до крајот на натпреварувачката година, а потоа и обврските во дресот на француската репрезентација во квалификациите за Европското првенство.
Kevin Durant visiting Travis Scott’s concert in Monaco with Kylian Mbappe ?
— BasketNews (@BasketNews_com) May 29, 2023
pic.twitter.com/d29jamA2ke