Судски совет: Тврдењата на холандскиот амбасадор се неосновани, надлежните да ги испитаат сомнежите за корупција

Макфакс

29/05/2023

14:43

1.001

Големина на фонт

а а а

Судскиот совет функционира законски и во согласност со надлежностите дадени во Законот за Судски совет, е заклучено на денешниот работен колегиум на кој се отфрлени како неосновани тврдењата на Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, дека новиот претседател е избран во нелигитимна процедура и затоа се става во мирување четири годишниот проект финансиран од оваа земја.

Членовите потенцираат дека првиот човек на Судскиот совет е избран на седница со потребниот број на гласови утврдени во Законот за ССРСМ.

Советот ги повика надлежните да ги испитаат сите сомнежи за корупција, а воедно потсетуваат дека Врховниот суд дополнително и во законска процедура ги проверува сите одлуки донесени за проверка за одговорноста на судиите преку жалбениот Совет. Bелат дека холандскиот проект за кој зборуваше амбасадорот трае четири години и се состои од три компоненти: ефикасност, отчетност, транспарентност и регионална соработка и во моментот се наоѓа во третата проектна година.

Холандија гo стави во мирување проектот поврзан со Судскиот совет, кажа холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп, кој оцени дека состојбата е загрижувачка, а Судскиот совет станал нелегитимно тело.



Спонзорирани линкови

Маркетинг