Јапонец ќе го засили Милан

Макфакс

29/05/2023

11:58

1.110

Големина на фонт

а а а

Милан, откако синоќа обезбеди пласман во Лигата на шампионите, го потврди првото засилување за новата сезона. Нов играч на Милан е Јапонецот Даичи Камада.

Камада (26), на „Сан Сиро“ доаѓа како слободен играч, откако претходно ги одбил понудите на Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид. Јапонецот со Милан ќе потпише пет годишен договор. Годишно ќе заработува три милиони евра.

Сезоната во Ајнтрах, Камада ја заврши со 16 гола и седум асистенции.

Камада може да ги покрие сите позиции во редот за врска, но најпродуктивен е кога игра како полу-шпиц. На таа позиција во Милан игра Шпанецот Брахим Дијаз, но не е сигурно дека тој ќе остане во клубот.

Дијаз е позајмен од Реал Мадрид, Милан сака да го откупи неговиот договор, до нема намера да плати повеќе од 20 милиони евра.

Камада ќе биде вториот Јапонец во историјата на Милан. Во минатото црно-црвениот дрес го носеше Каисуке Хонда.



Спонзорирани линкови

Маркетинг