Овој необичен симптом многумина го игнорираат, а може да биде знак за дијабетес, предупредуваат докторите

Точка

27/05/2023

15:10

12.107

Големина на фонт

а а а

Дијабетесот или шеќерната болест се смета за глобална епидемија бидејќи бројот на заболени лица во светот расте до нивоа кои беа незамисливи пред само неколку децении.

Постојат повеќе причини за оваа појава, а најзначајната е промена на начинот на живот која се карактеризира со поголем внес на висококалорична храна и намалена физичка активност.

Но, како можеме да знаеме дали имаме дијабетес? Како што објаснуваат лекарите, повеќето рани симптоми произлегуваат од покаченото ниво на гликоза односно шеќер во крвта. Знаците на предупредување можат да бидат толку суптилни што заболеното лице со години не ги забележува, а тоа особено се однесува на дијабетес тип 2. Меѓутоа, лекарите нагласуваат дека постои еден необичен симптом кој многумина го игнорираат, а всушност може да укажува на дијабетес.


Станува збор за бавно зараснување на рани. Како што објаснуваат тие, високото ниво на шеќер во крвта со текот на времето може значајно да влијае на протокот на крвта и да предизвика оштетување на нервите, што на нашето тело му го отежнува зараснувањето на постоечките рани.

Останатите симптоми на дијабетес вклучуваат зголемена жед, зачестено мокрење, умор, нагло губење на тежината и склоност кон инфекции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг