Ова се најисплатливите европски градови за одмор – на листата два града од регионот

Точка

26/05/2023

23:37

19.852

Големина на фонт

а а а

Британски „The Post Office“ веќе 16 години прави листа на најисплатливи европски градови во кои можете да отидете на одмор за викенд.

Овие денови е објавена новата листа за 2023-та година, која споредува 35 европски градови и открива кои се најпрофитабилни европски дестинации.

Оваа година тоа е португалската престолнина Лисабон.

„The Post Office“ ја пресметува просечната цена за викенд во градот за две ноќи во хотели со три ѕвезди. На тоа ја додаваат и цената на некои врвни туристички атракции, разгледувања со туристички автобуси, цена на јавен превоз, храна и пијалаци.


Лисабон е вистинско место ова лето ако сакате да минете неверојатен мини одмор или продолжен викенд во градот без големи трошоци.

Оваа дестинација се нашла на врвот на листа на најевтини градови за одмор во Европа, што е дополнителен потттик за туристите, кои веќе масовно го посетуваат Лисабон поради познатиот ноќен живот, убавите плажи и одличната храна.

Две ноќевања во хотел со три ѕвезди во просек чинат околу 140 евра, што е само 5 проценти повеќе отколку во 2022-ра година, во споредба со зголемувањето на цените другите истражени градови. Цените во Лисабон биле помали за една третина од оние во најскапите европски градови како Амстердам и Венеција.


Ценовно прифатливиот престој не е единствена причина поради која треба да го посетите Лисабон. Градот е лоциран на западниот брег на земјата, пружајќи многу различни и убави погледи на Атлантскиот океан. Лисабон е едно од најстарите населени места на Европа, а според легендата го основале бегалци од античка Троја.

На листата и градови од регионот

Титулата најскап град во Европа ја понесе Амстердам, каде за еден викенд треба да издвоите 835 евра, а меѓу најскапите се Париз, Венеција, Женева и Лондон.

Листата на најисплатливи градови за 2023-та година, почнувајќи од најевтините е: Лисабон (Португалија), Вилнус (Литванија), Краков (Полска), Атина (Грција), Рига (Латвија), Порто (Португалија), Загреб (Хрватска), Будимпешта (Унгарија), Варшава (Полска) и Лил (Франција), пренесува „Klix.ba“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг