Нови напади на Киев

Макфакс

26/05/2023

08:56

2.179

Големина на фонт

а а а

Воените власти во главниот град на Украина, Киев, известија за зголемен ризик од руски ракетни напади во раните утрински часови и кажаа дека воздушната одбрана работи.

Русите извршија стотици ракетни напади врз цели низ Украина од октомври минатата година, настојувајќи да уништат критична инфраструктура и други цели. Во последните неколку недели, Украина соопшти дека ги оневозможила повеќето проектили.

„Зголемена опасност од проектили! Во регионот оперира противвоздушна одбрана“, објави Киевската регионална воена управа во порака на Телеграм. Засега нема детали за евентуална штета.

Претставниците на Киев соопштија дека воздушната одбрана на градот ги одбила сите руски напади врз главниот град во текот на ноќта. Шефот на градската воена управа на Киев, Серхиј Попко, на Телеграм изјави дека нападот го извршиле стратешки бомбардери Ту-95 Ту-95МС од регионот на Каспиското Море, а веројатно и крстосувачки ракети Х-101/555.

Податоците за жртви и разурнувања се уште се утврдуваат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг