Речиси никој од колегите не го испочитува: Само 20 луѓе присуствуваа на денешната комеморација за Ферус Мустафов

Точка

25/05/2023

15:59

3.230

Големина на фонт

а а а

Едвај 20 луѓе присуствуваа на комеморацијата за музичарот Ферус Мустафов, кој почина на 22 мај на 72-годишна возраст.

Освен семејството, претставник од Министерството за култура и претставници од Здружението на естрадни уметници, на последното збогување со кралот на ромската музика кое се одржа во холот на Националната опера и балет денеска во 11 часот, не присуствуваа други музичари и пејачи со кои соработувал Мустафов во неговата долга, богата и успешна кариера.


„Многу ми е жал што денеска нема колеги, можеби дека испраќањето е во работно време. Човекот заслужува. Јас не зборувам зад грб, но да останеме позитивни“, рече композиторот Сашо Ливрински.

Тој додаде дека Мустафов не си ја ставил сам круната дека е крал на ромската музика, туку дека сосема ја заслужил, додавајќи дека според него, освен ромска, одлично свирел македонска, српска и грчка музика и така ги обединил народите.

„Тој не е само крал на ромската музика, туку крал на македонската музика. Ако се погледнеме и денес меѓу нас, нè има од сите националности, нешто што ниту еден политичар не успеал да го постигне. Покрај тоа што беше беспрекорен виртуоз, беспрекорен на својот инструмент, беше и општествено значаен во обединување на сите националности“, кажа Ливрински.


Според него, Мустафов бил музичар кому не му било потребно да му се зборува како треба да свири.

Феррус беше многу популарен во земјава и пошироко на Балканот. Има издадено над 20 албуми и отсвирено на многу самостојни концерти во земјава и во светот. Неговата професионална кариера започнала на 17-годишна возраст, додека студирал виолина и кларинет, пренесува „Република“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг