На овие 10 прашања морала да одговори мајката на убиецот од Врачар: Едно би можело да фрли ново светло на целиот случај

Точка

25/05/2023

12:42

7.490

Големина на фонт

а а а

Мајката на Коста Кецмановиќ (13), осомничен дека убил 9 ученици и чувар, а притоа ранил и уште шест лица меѓу кои и наставничка во основното училиште „Владислав Рибникар“, е сослушана вчера во Полициската управа на Белград, а како што пишува српски „Telegraf“, таа одговорила на 10 прашања.

Била сослушана за да се утврди дали имало запуштање или злоставување на детето, а доколку тоа се покаже како точно, таа ќе биде предадена на Првото основно јавно обвинителство.

Ова е списокот со прашања на кои одговарала мајката на детето, а клучното прашање е – „Што е последното нешто што го кажал пред да го изврши масакрот во училиштето“?

1. Колку често го гледала синот, односно – кај кого престојувал повеќе, кај неа или кај неговиот татко?

2. Дали знаеле да оди во стрелиште?

3. Ако да, каков став имала за тоа?

4. Дали се однесувал чудно?

5. Дали детето било злоставувано и занемарувано, односно, дали нешто му било ускратувано, дали се жалело од нешто …?

6. Што е последното нешто што го кажал пред да го изврши масакрот?

7. Дали имало некое трауматично искуство?

8. Каков однос имал со неа, татко му, семејството, пријателите?

9. Колку била упатена во неговите интереси и какви биле тие?

10. Во какви односи била со таткото на детето?


Првото основно јавно обвинителство во Белград по службена должност формирало предмет во врска со настаните во ОУ „Владислав Рибникар“ од 03.05.2023., кога 13-годишниот Коста убил девет лица, за да се утврди дали во акциите на мајката на детето имало елементи на кривично дело запоставување и злоставување на малолетно лице.

„Обвинителството до Полициската управа на Белград прати барање за собирање на потребни извештаи со кое е наложено да се сослуша мајката на осомничениот, да се разговара со педагог и психолог вработени во ОУ Владислав Рибникар, како и да се преземат сите други мерки и акции потребни за целосно утврдување на фактичката состојба“, се наведува во соопштението на обвинителството.

Исто така, на Градскиот центар за социјална работа, како што се додава, му е наложено да изврши дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на детето и за тоа да се достави извештај до обвинителството, како и да се утврди дали наведеното семејство од порано се наоѓало во евиденцијата на тој орган.

„Откако во обвинителството ќе бидат доставени извештаите на Полициската управа, јавноста без одложување ќе биде известена за понатамошниот тек на постапките и донесените одлуки“, се наведува од Првото основно јавно обвинителство, пренесува „Kurir.rs“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг