Ева Лонгорија никогаш не изгледала подобро, овие 3 модни изданија од Кан се доказ за нејзината беспрекорна модна репутација

Точка

24/05/2023

11:45

9.906

Големина на фонт

а а а

Актерката и продуцентка Ева Лонгорија секојпат кога ќе се појави на Канскиот филмски фестивал, приредува модни спектакли, па ни овогодишната традиционална манифестација не е исклучок од тоа правило.

Таа најпрвин се претстави во свечена гламурозна тоалета, а потоа во шик комплети чии детали се вредни за внимание и со сигурност ќе им се допаднат на љубителите на модата.

Ева Лонгорија била гостинка на гала забавата на Канскиот фестивал, а светкавиот фустан кој ја следи линијата на телото спаѓа во уште еден моден погодок од серијата нејзини успешни изданија. На актерката одлично ѝ прилегала високо подигнатата коса, а не погрешила ниту со шминката.


Таа вчера се појавила во златен комплет од здолниште со уникатни детали и свилена кошула. Сандалите потсетуваат на ретро трендовите, а новиот стајлинг бил надополнет со потполно поинаква фризура од претходната – одлично вклопена со оваа модна комбинација.


Ева е голем љубител на свилените кошули, што се видело по примерот на третото модно издание, во знакот на белата боја.




Спонзорирани линкови

Маркетинг