Ова ретко се гледа: Леброн упропасти чист зицер со комплицирано забивање, фановите во Денвер му фаќаа сеир

Дерби

19/05/2023

17:39

8.147

Големина на фонт

а а а

Леброн Џејмс беше најефикасен кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс и беше на чекор од трипл-дабл против Денвер, но исто така беше креатор и на најголемата утка во „Бол Арената“.

„Езерџиите“ долго го диктираа темпото на натпрварот и имаа двоцифрена предност во доста сегменти од втората и третата четвртина, но ова донесе и мало опуштање кај Леброн кој промаши чист зицер.

„Кралот Џејмс“ се обиде атрактивно да завршува една контра на гостинскиот тим, но кога сите чекаа моќно забивање со финта, топката му побегна од раце и топката заврши во аут.

Навивачите на Денвер брзо му фаќаа сеир на најдобриот играч на Лејкерс, но далеку поголемо беше задоволството кога нивниот омилен тим направи пресврт во продолжение.

Денвер се врати од минус 11 во третиот период и на крајот победи со 108:103, па сега води 2:0 во финалната серија на Западот.