(Видео) Студенти демолирале хотел во Охрид, се огласи менаџерот: „Овие од Загреб беа поагресивни...“

Точка

16/05/2023

18:09

3.825

Големина на фонт

а а а

„Беа студенти од Загреб и студенти од Србија. Но загрепските студенти беа поагресивни. Разбираме дека тоа се млади луѓе, но мора да се има мера“, изјавил менаџерот на хотелот во Охрид.

„Многу сме изненадени. Ние имаме големи групи студенти кои доаѓаат на дружење тука. Никогаш немало проблеми досега“, додал менаџерот на хотелот во Охрид.

„Млади се, но мора да се има мера“

„Тоа беа студенти на КИФ од Загреб и студенти од Србија. Но, загрепските студенти се поагресивни. Сè се случи минатата седмица. Разбираме дека се млади луѓе, но мора да се има мера“, изјавил менаџерот на хотелот и додал дека не ја запалиле собата, но почнале да го палат инвентарот, пренесува „24сата.хр“.

На видеото се гледа искршен инвентар во хотелот, скршени прозорци, шишиња пиво на кровот, тоалетот којшто изгледа како да е запален.

Наводно студентите палеле факели во собите и ходниците.

„Имавме обезбедување кое ја смири ситуацијата, па полицијата не интервенираше. Хотелот функционира нормално и ни дојдоа нови групи на студенти. Се надевам дека ова повеќе нема да се повтори“, додале од хотелот.

Како што објаснил претседателот на Студентскиот сојуз на КИФ, чии студенти биле во хотелот, се работело за Дифовијада на која присуствувале 1.230 студенти од целиот регион, од кои 217 биле од Загреб. Тој рече дека не му е јасно од каде менаџерот знаел дека токму студентите од Загреб и со која причина изјавил дека токму тие биле агресивни.

„Најпрво сакам да кажам дека како претседател на студентското тело најостро го осудувам ваквото однесување од кој било, без разлика дали тој студент доаѓа од Загреб, Ниш, Белград или Љубљана, таквото однесување е неприфатливо во академската заедница“, изјави Мартин Стојчевиќ.


„Што се однесува до сопственикот на хотелот, мислам дека е глупаво да се обвинува групата или факултетот што ја предизвикал штетата затоа што едноставно, од 1.230 студенти што беа таму, секогаш ќе има некој што ќе направи штета, тоа е едноставно законот на големи броеви. На толку луѓе сигурно од пет до 10 дојдоа да прават проблеми.Не знаеме кои се овие лица и дефинитивно ги осудуваме. Ако се поединци од Загреб, јас ќе бидам првиот што ќе сака да ги санкционира и верувам дека тоа ќе го направат локалните факултети, секој за своите студенти“, додава тој.

Тој вели и дека студентите секако ја покриле целата штета што настанала, бидејќи при влегувањето во хотелот морале да платат по 20 евра за депозит кој не им бил вратен:

„Мислам дека е лесно да се пресмета колку 1.230 пати по 20 евра е депозитот и се надевам дека е доволно, но ако треба ќе ги најдеме и тие физички лица кои дополнително ќе платат“, вели Стојчевиќ.