Возел пијан и се забил во споменик: Уапсен 43-годишник од Гевгелија

Макфакс

10/03/2026

10:02

191

Големина на фонт

а а а

Лишен од слобода возач од Гевгелија, управувал возило со 2,35 промили алкохол во крвта, не застанал на полициска патрола и предизвикал сообраќајна незгода.

Вчера вечер во 21:25 часот во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишија од слобода 43-годишниот И.Д. од Гевгелија.

Претходно, околу 21:00 часот во село Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица дале знак за запирање на патничко возило „алфа ромео“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал, но тој не застанал со возилото и веднаш потоа изгубил контрола и со возилото удрил во споменик во центарот на селото.

Притоа, тој се здобил со повреди и му била укажана лекарска помош од екипа на Итна медицинска помош Гевгелија. Додека, по преземени мерки е констатирано дека го управувал возилото со 2,35 промили алкохол во крвта и дека регистарските таблички припаѓале на друго возило.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.