Органско семе од бел трн најмоќниот природен прочистувач на црниот дроб

Точка

15/05/2023

10:41

11.815

Големина на фонт

а а а

Производот со најголем број на релевантни студии за докажување на ефикасноста на дејството при заштита на црниот дроб е белиот трн. Наречен е и млечен трн и ова растение се користи за медицински цели и за подобрување на здравствени состојби повеќе од 2.000 години.

За кого е наменет?

Може да го користат здрави лица за превенирање на состојби и болести на црн дроб, семето, а е препорачано и за лица со: зголемен внес на мрсна храна, алкохол и лекови, замастен црн дроб, инфективни и неинфективни хепатитиси, при труење со храна и при хиперхолестеринемија.


100% органско семе од бел трн произвeдува македонскaта компанија Хемера, на еколошки чисти подрачја и по принципот „од нива до трпеза“ создавајќи природен производ, без додатоци, бои, ароми и конзерванси. Се користи иновативен пристап при преработката на белиот трн, со цел да се создаде ефикасен и корисен лек.


Белиот трн има долга историја на медицинска употреба и веќе со години наназад бележи докажан потенцијал за поддршка на дигестивниот систем, подобрување на метаболизмот на гликозата и заштита од хронични болести. Истражувањата на растението покажуваат ефикасност на млечниот трн при заболувања на црниот дроб предизвикани од алкохол, вирусни инфекции и токсини, како и примарна малигна етиологија.

Што велат експертите?

“Една од карактеристиките на белиот трн е големата апсорптивна моќ и затоа е важно да порасне во природна и чиста средина, бидејќи ако расте и се собира покрај улици, патишта во него ќе содржи многу токсини и тешки метали. Дневните дози се обично по пет до шест грама на ден за орална употреба. Малкумина знаат дека белиот трн има протективно дејство што не е само на црниот дроб, туку и заштита против појава на дијабет и општо за благосостојба на целиот организам. Исто така докажано е дека има позитивно дејство како дополнителна терапија при тумори и примање хемотерапија како и при бенигни заболувања на простата. Огромен бенефит од користење на белиот трн како секојдневен додаток на исхраната имаат и луѓето што се борат со подуеност и кожни заболувања.” Изјави Проф. Д-р Ѓоше Стефков од фармацевтскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје.


Поради здравствените придобивки, белиот трн се користи и во готвењето. Листовите може да се јадат сирови или варени, а семките може да се сомелат во брашно и да се користат за печење. Генерално, белиот трн е разновидна и корисна билка со долга историја на употреба во древната медицина, нешто што треба да се има во домашната кујна.