Градинката Детска радост лани во декември склучила договор за јавна набавка за машини за перење на алишта.
Набавени три машини по рекордна цена од 265.000 денари по машина без ддв, или вкупно 938.100 денари за сите три машини со вклучено ддв, или во превод 4000 евра за една машина за перење алишта.
Во Планот за јавни набавки за 2022 година кој е задолжителен согласно Закон, оваа јавна набавка воопшто не е предвидена за реализација, а истата се реализирала.
Покрај овој договор, биле склучени и договори за услуги за хортикултурно уредување на зелени површини тежок 500.000 денари, како и договор за набавка на кујнска опрема во висина од 179.124 денари. Заедничко за сите овие три договори е тоа што истите се реализирани, а не биле дел од планот за јавни набавки на детската градинка.