(Видео) Исчезнал за 120 секунди: Толку им било потребно на крадците да украдат автомобил од салон

Точка

12/05/2023

13:39

12.545

Големина на фонт

а а а

Единствените трагови кои ги оставиле се парче скршено стакло и амбалажа од храна.

Електрификацијата добива замав, а октанските ѕверови стануваат загрозен вид. И многу баран исто така, па не чуди што таквите автомобили често се мета на крадци. Во САД еден од најпосакуваните е „Dodge Challenger“, посебно во некое бесно издание. Притоа на крадците не им е проблем да влезат во салон и да исчезнат со пленот во рекордно време.

Овој пат на тапет бил автосалон во Мичиген, а првиот извор бил „Dodge Challenger“ во „Hellcat Redeye“ издание. Џордан Бејкер, сопственик на „Comodo Motors“, објавил видео во кое објаснил како останале без скапоцениот автомобил. Бејкер моментално моли за помош во пронаоѓање на автомобилот и крадците.

Според снимките од надзорните камери, крадците во салонот пристигнале во 4:16, а само две минути подоцна исчезнале заедно со автомобилот. Филмското сценарио вклучувало премостување на составите за заштита на салонот и автомобилот, но и заминување во непознат правец.

Ни два дена по кражбата никој не знае каде е овој автомобил од 2020-та година, кој се нудел по цена од 129.995 долари. Произведени се само 52 примероци, а овој минал нешто помалку од 10.000 километри.

Се претпоставува дека овој ѕвер со повеќе од 800 коњски сили е расклопен на делови и препродаден на црниот пазар. На црниот пазар само моторот чини околу 40.000 долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг