Правење на совршено јасни фотографии и видеа, од самрак до зори, сега е можно со новата серија на Galaxy S23 телефоните. Samsung Electronics одлучи да го искористи најдоброто од најдобрите и да создаде телефони кои прават неверојатни фотографии дури и во услови на слаба осветленост, и за кои со право, сите ќе се прашуваат дали се тие дело на професионален фотограф.
Новата серија паметни телефони Galaxy S23 ќе ги надмине вашите очекувања за можностите и слободата кои ви ги нуди за истражување на сопствената креативност, бидејќи сите три модели на телефони Galaxy S23, Galaxy S23+ и Galaxy S23 Ultra навистина поседуваат феноменални карактеристики! Познатата камера Samsung Galaxy овој пат ви подарува подобрени можности за Nightography, па не мора да се грижите дали просторот е доволно осветлен бидејќи совршените фотографии можат да се создадат во секое опкружување во кое се наоѓате - дури и во најтемно. Снимајте повеќе детали дури и во темница и создадете безброј спомени, од снимање на вашата омилена песна на концерт до правење селфи или групна фотографија на пријатели на вечер и бидете сигурни дека сите ќе ви ги бараат фотографиите.
Креативните можности се бескрајни со оваа фантастична камера, а можете да ги приспособите на вашиот личен стил, навики и вкус. Во продолжение погледнете неколку совети кои ќе ви го олеснат правењето ноќни фотографии на кои ќе им позавидите сите на социјалните мрежи.
Истражете ја локацијата каде што планирате да фотографирате
Ако планирате да сликате во темница, прво проверете ја локација за да ги планирате вашите снимки пред самото фотографирање. Забележете ги сите можни потенцијални нешта кои би можеле да пречат: Дали локацијата е осветлена со вештачка светлина? Дали светлата ги менуваат боите? Кој агол изгледа најдобро? Како најдобро да ја искористите светлината што ја имате? Откако ќе ги увидите овие работи, можете да се свртите кон користење на придобивките од камерите на телефоните од серијата Galaxy S23. Прилагодливиот сензор со висока резолуција ги менува пикселите за да одговараат на осветленоста и интелигентно се префрла во режим со висока резолуција. Исто така, може да користи повеќе режими истовремено и брзо да комбинира рамки за беспрекорно светли, остри слики.
Подгответе се да бидете надвор долго време
Кога фотографирате ноќе, бидете подготвени да бидете надвор подолго време. За правење одлични ноќни фотографии е потребно време за да „фатите“ совршениот момент до прилагодување на опциите на камерата за реално време на експозиција. Ако сакате да бидете скоро на ниво на професионалец, подобрените селфи камери од 12 MP на Galaxy S23+ ќе ви ги направат почисти и појасни селфи фотографиите и видеата на слаба светлина, а со Expert RAW апликацијата нема да ви биде потребна гломазна опрема за камера, бидејќи таа поддржува и фотографирање со повеќе експозиции во 50 MP за снимки со висока резолуција со динамичен опсег во стил на DSLR и обработка на RAW и JPEG.
Експериментирањето со создавање уметнички фотографии преку multiple exposures функциите ќе ви стане омилено, бидејќи со поставките за Astrophoto на телефоните Galaxy S23 и Galaxy S23+, деталите за ноќното небо или невидливиот Млечен Пат стануваат се поблиску до вас. Едноставно, поставете ја експозицијата рачно или дозволете камерата да ја избере, потоа насочете ја кон небото и направете јасна фотографија од планетите и соѕвездијата. Бидете креативни и претворете го ѕвезденото небо во уметничко дело.
Заборавете на блицот
Друга предност е што отсега можете максимално да ја искористите амбиенталната урбана светлина, бидејќи фотографирањето со блиц (освен во студио) никогаш нема да испадне онака како што сте планирале. За среќа, со серијата Galaxy S23, нема да го имате овој проблем. Покрај самата камера, Samsung Galaxy S23, Galaxy S23+ и Galaxy S23 Ultra користат и Night Solution, што автоматски се вклучува кога телефонот ќе детектира дека снимате во услови на слаба осветленост. Можете исто така да фотографирате повеќе фотографии во исто време, со едно притискање на копче, а потоа да го комбинирате најдоброто од нив во конечната слика.
Портрет во текот на ноќта? Зошто да не!
Длабочината и димензиите се она што може да го обезбеди само професионалната камера. Снимајте извонредни портрети при слаба осветленост и автопортрети благодарение на револуционерната задна камера, како и на селфи камерата. За совршена фотографија, малку заматете ја заднината за да ги истакнете лицата на вашите пријатели и оставете деталите да светат на ниво на DSLR. Додека пак за фантастично ноќно видео, само притиснете го копчето за снимање за јасни, течни сцени со детали. Станува збор за технологијата на Samsung за снимање на најстабилни видеа при слаба осветленост со супериорен OIS и намалување на шумот, благодарение на што квалитетот на фотографиите е филмски совршен.
Промотивна понуда бесплатен YouTube Premium до 4 месеци како бонус!
Одлучете се на нов паметен телефон од Samsung Galaxy S23 серијата и добијте бесплатен YouTube Premium во времетраење до 4 месеци и гледајте ги омилените видеа без реклами, без Wi-Fi мрежа. Повеќе за промоцијата прочитајте тука.
И уште нешто!! Започнете со 100 GB складирање на облак
На сите корисници на нов Galaxy S23, Galaxy S23+ и Galaxy S23 Ultra им е достапен 6-месечен бесплатен пробен период на Microsoft 365 Basic OneDrive облакот. Синхронизирајте ја својата галерија со OneDrive и наредните 6 месеци уживајте со 100 GB меморија за вашите незаборавни моменти преточени во слики и видеа на вашиот омилен телефон од серијата Galaxy S23 на Samsung. Повеќе за оваа промоција прочитајте тука.
Повеќе за производите дознајте на следните линкови:
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s23/
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s23-ultra/
Комерцијален текст