Колкави се платите во европската фабрика на „Tesla“

Точка

03/05/2023

23:15

12.352

Големина на фонт

а а а

За разлика од германските произведувачи како што се „BMW“, „Porsche“ и други, примањата не вклучуваат бонуси.

„Tesla“ важи за најпрофитабилен произведувач на автомобили на светот, а извршниот директор Илон Маск веќе стекна статус на најбогат човек на светот. Но, дали тоа се одразува и на платите на вработените во компанијата.


„Tesla“ досега има околу 3.500 постојано вработени во германската фабрика во околината на Берлин, поточно во Гринхајд. Многу информации за условите за работа кај произведувачот на електрични автомобили може да се најдат на порталот за оценување „Kununu“.

Според тие извештаи, програмерите или инженерите заработуваат меѓу 63.700 и 71.600 евра бруто годишно.


Ако сте работник во производство, на одржување или логистичар, годишната плата е меѓу 33.900 евра и 41.400 евра.

За разлика до германските произведувачи како што се „BMW“, „Porsche“ и други, овие плати не вклучуваат бонуси.

Во „BMW“, на пример, работниците можат да сметаат на синдикален бонус и годишен бонус, во зависност од профитот на компанијата.