(Фото) Ова е момчето кое пукаше во учениците во Белград, децата од училиштето низ солзи раскажуваат: „Доби единица, па дојде и го впери пиштолот во сите нас...“

Точка

03/05/2023

11:13

10.490

Големина на фонт

а а а

Страшен инцидент се случи утрово во 8 часот и 40 минути во основното училиште „Владислав Рибникар“ на Врачар каде момче (14) пукало и го усмртило чуварот, а повредил и други ученици.

Според неофицијалните информации од местото на несреќата, повеќе лица се жртви, но засега сè уште овие информации не се официјално потврдени.

На фотографиите може да се види момчето (14) кое пукало во училиште, а кое полицијата го одвела по страшниот инцидент.

Како што се дознава, едно дете веќе е во операциска сала. Тоа има повреда на главата, а животот му е загрозен.


Мајката на девојчето кое сведочело за пукањето

Мајката чија ќерка е очевидец на пукањето во основното училиште за „Курир“ изјавила дека сите се во солзи поради убиството на чуварот, Драган.

„Секогаш ни зборуваа дека тој е нешто што секогаш ќе го паметат, а убиен е пред нивните очи“, вели мајката.

Како што изјавила, ќерка ѝ е потресена и штотуку оди по неа. Инаку, како што дознаваме едно девојче моментално го оперираат, изјавила нејзината другарка.

Друго дете има прострелни рани и е на интензивна нега.


Имено, полицијата ги упатила сите расположливи патроли и веднаш излегла на терен и го уапсила осомничениот малолетник, ученик во седмо одделение.

Како што постои сомнеж, момчето од татковиот пиштол испукал неколку куршуми во правец на учениците и чуварот на училиштето.

Згрижување на повредените е во тек, како и работата на полицијата на утврдување на сите факти и околности во врска со своите настани.

„Доби единица по историја и тогаш полуде. Пукаше во историчарката во кабинет, а потоа и во другарите. Тој ги има сите петки, а сите го знаеме како ‘бубалица’“, раскажуваат децата од основното училиште.

Како што тврдат децата, тие побегнале во кабинетот каде се криеле.


„Се плашевме, беше хаос, паника. Се криевме. На чуварот му пукаше во глава“, кажале шокираните деца.

Како што раскажуваат родителите и учениците кои се наоѓаат пред училиштето, ученикот којшто пукал наводно одел во одделението 7-2.

„Слушнав пукање, некои ученици веднаш излегоа во ходникот за да видат што се случува. Јас прво мислев дека нешто однадвор се слушна. Сите почнаа да врескаат, настана општа паника, сите почнаа да трчаат, кога излегов го видов, а тој дојде и го впери пиштолот во сите нас“, со плачење раскажал еден од шокираните ученици.




Спонзорирани линкови

Маркетинг