(Фото) Туристите изненадени: Еве колку ќе ве чини еден ручек на Јадранот

Точка

14/04/2023

11:04

19.819

Големина на фонт

а а а

Словенците кои минатиот продолжен викенд отишле на хрватското крајбрежје биле шокирани кога ги виделе цените на одредени производи и услуги.

На Фејсбук групите многумина почнале да споделуваат фотографии од енормните износи кои морале да ги платат, на пример за сладолед и вино.

„Ова го објавувам како предупредување за никој друг да не се чуди како ние затоа што нема ценовник. Две мали вина и две топки сладолед 24 евра“, напишал еден корисник на Фејсбук.

Примож Новак, Словенец којшто го води ланeцот за хамбургери „Lars&Sven“ исто така бил изненаден кога видел колку мора да плати за јадрански лигни.

"Lipa naša" ????... Nein danke mama... Pa tut jadranski zagotovo niso bili ? Mogoče je tudi pri njih napočil čas za "Planica" efekt oz. streznitev...

Posted by Primoz Novak on Monday, April 10, 2023

„Нашата прекрасна Хрватска. Не, благодарам мамо“, напишал Новак.

Порција лигни за едно лице на изненадување на многумина чини 28 евра, додека Гермипт 2,5 евра. Некои ги фотографирале и цените на палачинките каде јасно пишува дека една чини 6,5 евра.

„Очигледно дека ќе мора да се вратиме на старата навика сè да носиме со себе“, напишал еден корисник додека друг објавил фотографија од сметката на која пиво во ресторан чини 5,10 евра.