(Видео) „Поради ова ги мразам Балканците“: Девојка од Белгија прави видеа во кои ги понижува сите момци од овие простори

Точка

10/04/2023

16:25

48.302

Големина на фонт

а а а

Од земја до земја, има разлики во начинот на живеење и обичаите, но она што нè обединува се некои сличности, а на Балканот има многу такви.

Токму ова било причина една блогерка да сними смешно видео во кое покажува како изгледа запознавањето со момци од нашите простори.

Имено, Тиктокерката Шејла по потекло е од Босна и Херцеговина, но со години живее во Белгија, а на својот профил @sejlatheyugo ги забавува своите следбеници со комични видеа кои покажуваат како изгледа животот во Босна и Херцеговина.


Во новото видео таа покажува како изгледа состанок со Босанец и стана апсолутен хит на ТикТок, со речиси 800.000 прегледи и повеќе од 86.000 допаѓања.

Според ТикТокерката, поздравувањето со екипата и наздравувањето, чепкањето во нос и пушењето се првите знаци дека сте на состанок со Босанец.


Во друго видео таа покажува како Босанците „вадат сè од џебовите“ и ставаат на масата, а потоа нервозно ги тресат нозете и се чешаат по лицето и брадата.

„Потоа ти кажува дека тој би бил следниот Меси, да не се повредел“, вели таа.

Видеата го привлекоа вниманието на ТикТокерите, а не изостануваат и коментари.

„Сите Балканци го прават ова. Не знам зошто, но навистина го мразам тоа иако и јас сум од Балканот“, напишал еден корисник, на друг додал: „Сè погоди, точно така е“.

„Сè е вистина“, „Секој Балканец така се однесува“, „Навистина, зошто сите си чепкаат во носот?“, се само дел од коментарите.