Вереницата на Роналдо: „Нашите деца ги тепаат во Саудиска Арабија“

Точка

01/04/2023

17:00

16.986

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо и неговото семејство неодамна се преселија во Саудиска Арабија, а партнерката на фудбалерот, Џорџина Родригез, во интервју за шпанскиот „Телемундо“ открила нови детали и се пожалила дека нивните деца искусиле физичко насилство на училиште.

„Има моменти на училиште кога децата ги удираат, а тие не се бранат“, рекла Џорџина и потоа ја опишала ситуацијата.

„Пред некој ден ми дојде едно дете дома и почна да плаче, прашав што се случило и добив одговор: 'Ме удри дете'. Му реков: ‘Зарем не знаеш да се браниш?’, изјавила таа.


Џорџина и Роналдо живеат по нови правила веќе еден месец, но манекенката неодамна го прекршила кодексот на облекување на вечера со својот вереник, појавувајќи се во кратко здолниште, поради што ѝ се заканува парична казна.

Имено, шеријатот владее во Саудиска Арабија и жените се обврзани да го покриваат целото тело. Кодексот на облекување наложува „скромност и пристојност“, затоа не смее да се носи тесна, но и проѕирна облека.




Спонзорирани линкови

Маркетинг