Ештон Качер и Мила Кунис не планираат да го остават богатството на децата, парите ќе ги донираат во хуманитарни цели

Точка

01/04/2023

15:32

4.035

Големина на фонт

а а а

Славниот пар Ештон Качер и Мила Кунис изненадија со изјавата дека нивното наследство нема да им припадне на нивните деца, туку ќе биде донирано во хуманитарни цели.

Тие веќе неколку пати досега отворено зборуваа зошто не сакаат да им ги остават своите пари во наследство на децата. Качер пред 5 години изјави дека тој и Мила Кунис не планираат да им го остават богатството на децата, а откри и зошто.

„На крајот ќе ги дадеме своите пари во добротворни цели и други работи. Моите деца живеат навистина привилегиран живот без да го знаат тоа и никогаш нема да го дознаат истото“, објаснил Качер.


Овој пар одлучил дека нивните деца треба сами да се грижат за себе подоцна во животот. Сепак, двајцата не планираат во целост да ги остават своите деца без пари. Качер објаснил дека попрво би вложил во нивниот бизнис доколку би имале добар бизнис план.

За потсетување, Мила и Ештон се родители на две деца, 8-годишната ќерка Вајат и 6-годишниот син Димитри. Нивните фотографии ретко ги објавуваат на социјалните мрежи, иако парот често зборува за својот семеен живот во медиумите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг