Обама повеќе не е најследената личност на Твитер – титулата му ја презеде еден милијардер

Точка

31/03/2023

12:15

9.925

Големина на фонт

а а а

Илон Маск стана најследената личност на Твитер со 133,1 милиони следбеници.

Титулата ја „презел“ од поранешниот американски претседател Барак Обама којшто има 133,04 милиони следбеници.

На третото место се наоѓа пејачот Џастин Бибер со 113, 31 милион следбеници.


Како што веќе е познато, Маск во октомври минатата година го купи Твитер за 44 милијарди долари. На мета на критики е поради тоа што отпуштил голем број вработени.

Како дел од напорот да го зголеми приходот на платформата, планира да воведе „Twitter Blue“, услуга на месечна претплата која им овозможува на луѓето да го задржат верификуваниот статус. Оваа услуга од утре ќе почне да се наплаќа. Секако ова исто така наишло на неодобрување од страна на многу луѓе.

Милијардерот навел дека се одлучил за тоа затоа што сака сите да бидат еднакви. Смета дека познатите личности не треба да имаат привилегиран статус.


На вработените тој им наредил да ги изменат алгоритмите за корисниците на оваа социјална мрежа прво да ги гледаат неговите твитови. Само неколку часа подоцна започнале да се објавуваат „скриншотови“ на кои се гледа дека на „for you“ делот од страницата не се гледа ништо друго освен твитовите на Маск.




Спонзорирани линкови

Маркетинг